Тачи: Не ми е целта создавање на Голема Албанија!

Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека неговата цел не е создавање на Голема Албанија.

Тој во интервју за дневникот Прес негираше дека неговата цел е да се создаде Голема Албанија и дека на тој начин не би имало иднина ни за Србија, ни за Косово.

- Мора да има компромис инаку нема иднина ни за Србија ни за Косово. Со договорот кој го имаме започнува еден сосема нов процес. 

Исто така додаде дека и покрај несогласувањата на некои граѓани околу договорот тој е оптимист и смета дека се ќе биде во ред.

ФОТО: Ерепортер