Манасков: Заминав бидејќи пет месеци не земавме плата

Дејан Манасков го имаше своето прво интервју по преселбата во бундеслигашот Вецлар.

 

Меѓу другите работи за кои зборуваше во интервјуто, репрезентативното крило се наврати на случувањата во таборот на актуелниот македонски шампион.

 

Манасков вели дека жали за она што му се случува на Металург, но потенцираше дека во последните пет месеци не земал ниту една плата, поради тоа бил принуден да побара нова средина.

 

-Со исклучок на голманот и на другото лево крило, сите првотимци го напуштија  Металург. Последните пет месеци не добивавме пари, па поради тоа не ни преостануваше ништо друго, освен да заминеме. Сега во Металург играат играчи од вториот состав, меѓу кои е и мојот брат, вели Манасков за handball-world.com, притоа додавајќи дека жали за она што му се случува на Металург.

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега