Бизарна несреќа: Босанец играл фудбал со куршум во главата

Неверојатно но вистинито. Босанец од Сараево играл фудбал со куршум во главата. 

Се работи за 51-годишниот Душко Крталица кој во неделата играл фудбал на турнир, без да знае дека им куршум во главата.

Тој почуствувал дека нешто го удрило во главата, но продолжил да игра фудбал како ништо да не се случило. По завршувањето на натпреварот сфатил дека раката му се вкочанила и дека не може да зборува.

Тој веднаш бил префрлен во болница каде му била извршена операција.

 

најчитано сега