Осумте машки комплекси

Дознајте кои се тоа осумте недостатоци кои ги прават мажите несигурни во себе кога станува збор за физичкиот изглед.

Задникот

Исто како и мажите, и жените сакаат да погледнат некоја добра машка задница. Затоа мажите и тоа како внимаваат кога купуваат фармерки. Не се само жените тие кои ја проучуваат својата позадина на огледало.

Раце

По лицето, рацете се втора работа која жените ја гледаат кај мажите. Заради тоа секој маж сака да има мажествени раце и поради тоа често одат во теретана.

Стомачни мускули
Плочките на стомакот се токму таа работа за која мажите треба добро да се испотат во теретана.

Коса
Келавоста е една од најголемите ноќни мори на секој маж. Се поголем број на мажи својата коса ја губат во дваесетите години од животот.

Брада и мустаќи
Овај комплекс започнува уште во тинејџерските години кога мажите со воодушевување ги набљудувале своите мустаќи пред огледало. Мажите се горди на своите брада и мустаќи а уште повеќе ако и нивната партнерка ги обожава.

Влакна по телото
За разлика од брадата и мустаќите, густите влакна по грбот и градите не се нешто со што се гордеат мажите затоа често посетуваат и салони за депилација.

Висина
Идеалниот маж барем за некој сантиметар е повисок од партнерката кога таа носи високи потпетици.

Дебелина
Мажите понекогаш се оптеретини повеќе од жените за тоа како изгледаат на плажа. Поради тоа се спремни се да направат за да ја задржат својата витка линија.

Извор: Попара.мк

 

 

Оцени ја веста

19.02.2015 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега