Ранко Бубамара: Шоуто вечерва ќе трае 6,5 часа, многу луѓе кои ќе дојдат ќе штрајкуваат на работа!

Една од најголемите култни манифестации во Македонија, празник на музиката, хуморот и успехот, на сите оние кои ја одбележаа годинава во својата професија и јавниот живот, почнува вечерва во 20 часот. Истата ќе трае до 2:30 следниот ден!!!, пишува Канал5.

Шест и пол часа смеење и забава најавува режисерот на манифестацијата „Златна Буба Мара“, за вечерва. По 18 пат тој организира големо шоу, хумор и сатира и прослава на успехот на оние кои годинава се издвоија во своите професии. Ранко Петровиќ вели дека вечерашната манифестација ја подготвувале три месеци.

„Вечерва во Универзална сала ќе се случи уште еден голем собир на најголемите уметници и најславните музичари од Македонија и Балканот. Се е подготвено за празнување на музичките успеси, за добра сатира хумор и прославување на успехот. Најавуваме одлична прогмра за уште една незаборавна Златна Буба Мара која ја подготвуваме изминатите 3 месеци, а која гледачите во недела ќе можат да ја гледаат на Канал 5. Не го откриваме сценариото, но Златна Буба Мара и годинава ќе биде голема претстава, филм во кој во живо ќе ги гледате сите актери и музичари и ќе ја добиете емоцијата која ретко каде може да ја почувствувате – вели Ранко Петровиќ.

Оваа година мотото е „Смеете да се смеете“ а смеењето и добрата забава ќе трае до следното утро.

 

„Шоуто вечерва во Универзална ќе трае 6,5 часа, а почнува во 20 часот, па многу луѓе кои ќе дојдат ќе штрајкуваат од работа“, се шегува Ранко.

 

 

Оцени ја веста

19.02.2015 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега