Ханка Палдум доживеа сообраќајна несреќа

Босанската пејачка Ханка Палдум доживеала сообраќајна несреќа на автопатот кон Загреб.

 

Несреќата се случила во вторникот на околу дваесет километри од Загреб. За среќа пејачката поминала без повреди, но нејзиниот автомобил е уништен.

 

 

- Му благодарам на Бога што сум без повреди. Не знам како дојде до несреќата. Едноставно изгубив контрола над автомобилот, не знам ни дали имаше некое масло на патот. Само видов како се движам кон заштитната ограда, изјави Ханка Палдум за босанските медиуми и додала дека во автомобилот била сама.

 

 

Оцени ја веста

19.02.2015 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега