Бошкоски повторно фатен на дело како зема туциња пари за нелегално финансирање на кампањата

Земање пари за финансирање на изборна кампања и ветување промена на името за возврат, јасно се гледа и во новите скандалозни видеа поставени на ЈуТјуб на кои Љубе Бошкоски се договара со посредникот кој зборува македонски со изразит грчки нагласок. Покрај договорите за промена на името, во претходните видео снимки кои беа објавени на ЈуТјуб се гледа дека Бошкоски се договара и за промена на идентитетот и националноста на македонските граѓани. Тој прифаќа наместо Македонци да се викаме општо, граѓани на Северна Македонија.

Во видеата јасно е прикажано дека на повеќе локации Бошкоски зема значителни суми во евра за нелегално финансирање на својата изборна кампања, а за возврат, како што вели, ветува промена на името на Република Македонија.

Бошкоски покрај ветувањето за промена на државното име, јасно кажува дека парите кои ги добива ќе ги користи за кампањата, односно за плаќање на митинзи, автобуси, реклами што недвосмислено и прецизно докажува дека сторил кривично дело нелегално финансирање на изборна кампања за што постојат

несоборливи докази.

Љубе: Брат сериозно, ама нема потреба јас да се фалам јас гледам на терен луѓе, без автобуси без ништо, а полни плоштади. Едино ќе ми треба, за Тетово ќе ми треба многу пари. Знаеш првиот и задниот митинг и за Охрид ќе ми требаат многу пари

Посредник: Многу тешко ќе поминам на граница. Многу се пазам......за последниот митинг ако може нешто да соберам.... и се ќе ти дадам како што треба.

Љубе: Последниот митинг ми е во петок... Со едно 50 илјади ќе завршиме работа.

Посредникот: за митингот

Љубе: за митингот ни требаат автобуси од цела Македонија. Ми треба 100 автобуси, по 250 евра, 25 илјади евра....

Скандалозно е што Љубе Бошкоски и во новите средби со посредникот истакнува дека тој е за промена на името на државата. Тој повторно му се фали на посредникот кој зборува македонски со изразит грчки нагласок дека го манипулира народот, односно како што вели, му „ПРАВИ ФИНТИ“ на народот ветувајќи му на посредникот промена на името на државата. Бошкоски воедно не заборава да му се заблагодари на посредникот за дадените пари, ветувајќи дека никогаш нема да го заборави.

Љубе: јас им викам не го менувам уставното име, ама верувам кога ќе падне институционалниот поредок наречен Никола Груевски дека со нашата братска пријателска Грција ќе седнеме ќе разговараме. ПРАВАМ ФИНТА ме разбираш. Тие ни се пријатели. Ја мислам дека нашите пријатели ќе ни помогнат да го решиме ова прашање.

Љубе: фала ти, ме спасуваш

Посредник: Не заборавај

Љубе: Никад, фала ти брат Никогаш.

Покрај договорите за промена на името, во претходните видео снимки кои беа објавени на ЈуТјуб се гледа дека Бошкоски се договара и за промена на идентитетот и националноста на македонските граѓани. Тој прифаќа наместо Македонци да се викаме општо, граѓани на Северна Македонија.

Љубе:  Мајката останува, е сега мајката да земела презиме придавка северна, јужна, не знам каква никаква, дека тоа врска нема. Тоа да не се секираш, тука тоа ти гарантирам

Посредникот: И за националност, едноставно граѓани на Републиката

Љубе: Така, така. Плус тоа нема поголем патриот од мене, јас сум робувал за Македонија. Јас кога зборам поинаку ме слушаат луѓето него некој лигуш таму кој немал ништо дадено.... Тоа немаш гајле.

 

Социјалните мрежи се преполни со коментари на гаѓаните кои го осудуваат ваквото тргување со името на државата и идентитетот на граѓаните на Бошкоски. Предавник, ситна душа и срамота за Македонија се само дел од коментарите кои се однесуваат на Бошкоски напишани на социјалните мрежи.

 

 

 

Оцени ја веста

23.02.2015 - 19:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега