Најавено целосно решавање на водоснабдувањето во Крива Паланка

Општина Крива Паланка аплицираше со проектот „Водоснабдување-висока зона лев брег“ до Светска банка за конечно решавање на комплетното водоснабдување на територијата на општината, пренесува МИА.

Градоначалникот Арсенчо Алексовски изјави дека се чека одобрување на проектот.

- Вредноста на основниот проект „Висока зона-лев брег“ изнесува 282 илјади евра, додека вредноста на секундарната водоводна мрежа изнесува 101 илјада евра. Ова е исклучително важен проект со чија реализација ќе биде решено водоснабдувањето на целиот град. Во изминатиот период беше решено снабдувањето со вода на жителите од високата зона на десниот брег на Крива Река, изјави градоначалникот Арсенчо Алексовски.

Тој рече дека покрај овој проект, до Светска банка предадени се и проекти за изградба на канализација и водовод и во приградските подрачја на Крива Паланка.

- Очекуваме одобрение за финансирање на неколку проекти кои се дел од мојата изборна програма за 2013-2017 година. Станува збор за Проектот за изградба на канализациона мрежа од 1205 метри во Бојанов дол, проект вреден 57.000 евра и Проектот за изградба на 3508 метри од водоводот во село Луке, со вкупна вредност од 88.000 евра, посочи Алексовски.

Според него, многу важна е и реализацијата на Проектот за замена на азбестно-цементните цевки кој се очекува да биде спроведен во претстојниот период. - Направен е проект за замена на преостанатиот дел од азбестно-цементните цевки во градот. Станува збор за 1800 метри од водоводната мрежа, а со проектот се опфатени 1200 од нив. Овој проект е со вкупна вредност од околу 8.500.000 денари, нагласи Алексовски.

Имплементацијата на најавените проекти ќе се спроведе по нивното одобрување од страна на релевантните институции во Светската банка. Дел од проектите, како што рече Алексовски, се веќе одобрени и се чека тендерската постапка за нивна реализација

 

 

Оцени ја веста

25.02.2015 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега