Наредната недела пролет во Македонија, утре сончево време

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Во јужните делови ќе биде променливо облачно, доцна попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до шест, а дневната од девет до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, да дневната ќе се искачи до 12 степени.

Во петок ќе се задржи претежно облачно време со континуирани врнежи од дожд особено во јужните делови од земјата. Потоа во наредните денови повторно ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Стабилно и суво време со пораст на дневната температура ќе има во почетокот на наредната недела.

 

 

Оцени ја веста

25.02.2015 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега