Стојановски: Во патната инфраструктура ќе бидат вложени над 100 милиони денари

Во текот на 2015 година општина Илинден планира изградба, реконструкција и рехабилитација на 16 километри локални улици и патишта, изградба и реконструкција на 10 сообраќајни и пешачки мостови за премини преку каналскиот систем и поврзување на локалната патна инфраструктура и 5 километри пешачки и велосипетски патеки.

За реализација на проектите во делот на општинската патна инфраструктура, ќе бидат инвестирани повеќе од 100 милиони денари, истакна градоначалникот  Жика Стојановски, на прес конференцијата што се одржа во просториите на општината.

Обраќајки им се на присутните тој истакна дека интензивните инвестиции и вложувања во квалитетна патна инфраструктура, придонесуваат за одржлив локален економски и социјален развој, обезбедување на поволни услови за влез на домашни и странски инвестиции, подобрување на условите за живот и животниот стандард, конкурентност и овозможување на квалитетен живот на сите учесници во локалната заедница.

Затоа, како што рече тој, една од приоритетните области за развој на општина Илинден е подобрување на локалната патна инфастурктура, изградба, реконструкција и рехабилитација на општинските улици и патишта, подобрување на инфраструктурата во локалните економски зони и стопанските комплекси, изградба на мостови, пешачки и велосипедски патеки.

-Ефикасната и одговорна употреба на буџетските средства, активната буџетска политика која ги подржува инвестициите во инфраструктурата, придонесоа минатата година да издадеме 220 одобренија за градење, кои претставуваат индикатор на економската активност и одржлив локален економски развој во општина Илинден, истакна градоначалникот Стојановски.

На крајот од прес конференцијата посветена на планираните капитални проекти што ќе бидат реализирани во 2015 година, градоначалникот  Жика Стојановски додаде дека во наредниот период општина Илинден ќе продолжи да вложува и инвестира во развојот на инфраструктурата, рамномерниот развој во сите подрачја на локалната заедница, промовирање на потенцијалните можности за инвестирање во општината, како и управување со новите фактори на растот, кои даваат позитивен импулс за влез на нови инвеститори и отворање на нови слободни работни места.

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега