Викендов сообраќајот во Скопје ќе се поремети - еве каде

Град Скопје ги известува учесниците во сообраќајот, дека во недела во периодот од 08.30 до 11.30 часот, целосно ќе се затвори сообраќајната лента за десно вртење (во насока од Бит Пазар кон Стоковна куќа - Илинден). Автобусите кои по својата траса ја користат десната лента, при движење од булевар „Крсте Мисирков“ кон булевар „Гоце Делчев“, во претходно посочениот период, ќе имаат изменета траса, и тоа преку булевар „Кочо Рацин“, улица „11 Октомври“, и улица „Димитрие Чуповски“, а понатаму продолжуваат по својата траса.

 Во обратна насока, автобусите ќе ја задржат постоечката траса.

 Затворањето на сообраќајната лента ќе се изврши поради санирање на индуктивни јамки кои се користат за броење на возила.

 Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега