Презентирани мерките за вработување пред работодавачи од Кисела Вода

Претставници од Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и од Националниот совет за претприемништво денеска ги презентираа активните мерки и програми за вработување пред 30-тина работодавачи од општината.

- Како општина која постојано презема мерки за подобрување на условите за живот и работа на своите граѓани со што нивниот потенцијал и иновативност би дошла до израз, оваа локална самоуправа е фокусирана кон подобрувањето на инфраструктурата и бизнис-средината, поттикнување и поддршка на економските активности на приватниот сектор и градење на капацитетот на човечки ресурси за вработување, водење бизнис активности и општински проекти, како би се надминале најголемите предизвици- невработеноста кај младите и модернизацијата на работењето на приватниот сектор, истакна Павлина Рибарска, раководител на Секторот за локален економски развој во општината.

На презентацијата беа претставени активните програми и мерки за вработување, новите можности за вработување на млади, како и мерките за поддршка на бизнис секторот. Дел од презентацијата беше посветен и на младите кои дадоа свои предлози за можностите за нивното идно вработување или самовработување.

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега