Димитров: Нашата цел е да се одбранат основните базични принципи на една држава (ВИДЕО)

Граѓанското движење за одбрана на Македонија вечерва одржува трибина во Гостивар.

На оваа тема во вестите на Канал 5 гостуваше Бранислав Димитров.

- Зошто Гостивар е одбран како продолжение на серијата на трибини низ Македонија?

„Гостивар е еден од многуте градови каде што ќе одиме и ќе ја отвораме темата Македонија. Овде не се работи за политика, ние ги повикуваме сите други граѓани. Нашата цел е да се одбранат основните базични принципи на една држава кои што се секогаш исти, универзални, без разлика на политичките разлики. Ова го разбираме како еден дијалог и комуникација. Македонците се древбни души, македонскиот народ има вековна меморија и поминувал низ вековите, низ страшни премрежја. Овие трибини имаат цел тој оган на непокор да го разгорат“ – изјави Димитров.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 21:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега