Продолжува роуд-шоуто на македонската Владина делегација

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска заедно со министрите за економија и за привлекување странски инвестиции Ваљон Сарачини и Веле Самак, учествува на Меѓународниот економски форум, кој се одржува во Санкт Петербург каде учествуваат клучните претставници на меѓународната бизнис заедница, политичката и економската елита на светот. 

На форумот теми на разговор ќе бидат со фокус на светските економски политики, стимулирањето на инвестициите и забрзувањето на растот на економијата, управување со државниот долг, реформите во меѓународниот финансиски систем, развојот на енергетскиот пазар и зголемување на светската трговија.

Македонската владина делегација ќе оствари поединечни средби со инвеститори кои претстојуваат на форумот, како и со колеги министри од повеќе земји.

најчитано сега