Прилеп: Се очекува голем интерес на младите за практикантство

Во просториите на локалната самоуправа на Прилеп, раководителот на Центарот за вработување Силвана Пашоска ги повика младите до 29 години и работодавците да се јават на огласот за практикантство за на трошок на државата да се обучат.
 
Целна група се младите до 29 години со минимум завршено средно образование, а се активни баратели на работа. Ова е убава можност младите да се стекнат со практично искуство зашто на работодавците им е потребен одреден период на практична работа или обука која ќе ја стекнат во реални услови во фирмите. По трите месеци практична работа што опфаќа овој проект, младите ќе може да најдат работа. Агенцијата за вработување покрива по 6.200 денари месечно за секој млад практикант. Затоа ги повикувам сите млади невработени активни баратели на работа во општината, изјави Пашоска.
 
Според евиденцијата на Центарот  за вработување, во Прилеп се околу 9.000 активни баратели на работа, од кои 25 отсто се млади до 29 години.
 
- За оперативниот план за годинава, владата дава можност за практиканство на 1.000 млади невработени во државава. Оваа е редовна владина мерка и годишно низ практикланство во Општината поминуваат 50 до 100 лица кои добиваат сертификат дека се обучени и реално работодавецот добива бесплатно оспособена нова работна сила. Искуството покажува дека најголем број практиканти по завршувањето на трите месеци, бидејќи се млади, остануваат на работа во фирмата, рече Пашоска.
 
Во тек се и неколку програми кои нудат можности за вработување, како што е мерката за самовработување со кредитирање, самовработување со грантови и обука за работно место со субвенционирање.
Пашоска посочи дека годинава сите огласи се објавуваат одеднаш и за работодавците и за невработените со цел полесно да се воспостави врската меѓу двете страни и полесно да се стигне до работно место.
 
Според градоначалникот Марјан Ристески локалната смоуправа ги поддржува сите владини мерки со кои може да се намали невработеноста.
 
Ги повикувам сите млади до 29 години да ги искористат сите владини поволности за да може да најдат вработување во некоја од фирмите, вели Ристески.
 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега