Вардар во сабота го пречекува Веспрем во натпревар од СЕХА лигата

Актуелниот шампион на СЕХА лигата Вардар в сабота вечер го игра последниот натпревар од лигашкиот дел, а во Скопје ќе гостува лидерот и непоразена екипа Веспрем од Унгарија. Со оглед на пласманот на двете екипи ова ќе биде натпревар без резултатско значање.

Тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзалез на денешната прес конференција истакна дека оваа средба ќе ја искористи за подготовка за натпреварите од Лигата на шампионите.

- Натпреварот за нас не е многу важен. Ниту имаме шанса за првото место, ниту пак второто ни е загрозено. Но во секој случај ова ќе ни послужи како подготовка за дуелите од Лигата на шампионите со Висла. Ова ќе биде натпревар без притисок, рече Гонзалес.

Пивотот Стојанче Стоилов посакува прва победа сезонава против унгарскиот шампион.

- Во името на целиот тим кажувам дека сакаме да победиме. Веспрем е наш должник, кој оваа сезона постигна три победи против нас, време е да им се одмаздиме и да ја постигнеме првата победа над унграската екипа.

За саботниот натпревар неизвесен е настапот на неколку ракометари, кои се жалат на повреди: Алем Тоскиќ, Илија Абутовиќ, Алексеј Растворцев, Михаил Чипурин, додека за Матјаж Брумен се знае дека нема да игра.

Натпреварот е последен за двата тима од СЕХА лигата, се игра в сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20 часот и 15 минути.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега