Има ли живот по смртта - што вели човекот кој умрел два пат?

Што се случува по смртта е целосна непознаница. Смртта е ионака термин кој е измислен од човекот. За некои значи почеток, за други некој крај, а за некои пак е само состојба која настапува кога медицината ќе потфрли.

Корисник на Реддит, кој бил мртов дури два пати по две минути во два различни случаи, еднаш кога настрадал во моторциклистичка несреќа, и еднаш откако по операцијата се предозирал со лекови против болки, одлучил да раскаже како ја доживеал смртта.

„Беше само црна празнина. Без мисли, свест, ништо. Двапати едноставно како да не бев таму. Тоа чувство е она истото кога ќе задремеш. Краток сон без соништа, а кога ќе се разбудиш имаш чувство дека си спиел долго и дека минале 15 минути. Знам дека бев мртов единствено поради тоа што лекарите беа обврзани таа информација да ја споделат со мене. Да не ми рекоа ништо, јас ќе мислев дека сум заспал, и дека не сум сонувал ништо. Така почувствував нешто, а тоа нешто беше ништо. И во двата случаи го доживеав истото. Кога доживеав сообраќај единствено што помислив беше „срање“. Втор пат почувствував болка, а потоа оддеднаш немаше ништо, немаше живот. Тогаш откако се разбудив, повторно почувствував болка. Единствената разлика е што првиот пат бев свесен за настаните од претходно, а вториот пат толку ме здоболе што што не бев свесен за околината – изјави мажот кој умрел двапати.

„Сега дефинитивно помалку се плашам од смртта. Знам дека не е ништо пострашно од спиењето. Кога ќе умреш само престануваш да постоиш, ништо загрижувачко! Отсекогаш бев атеист, но дел од мене се надеваше дека постои Бог и рај или нешто поголемо од нас. Мислам кој не би посакал да не постои рајот?, вели тој и додаде:

„Се уште сум атеист, но сега знам дека не постои ни Бог и рај. Барем не за мене. Верувам дека вашето верување е ваше верување. Единствена работа која ја делиме се нашите искуства, но луѓето ќе мора сами да одлучат во што веруваат. Луѓето ќе мора да престанат да ги присилуваат другите да веруваат во исто што и они“, вели тој.

„Се што сега сакам во животот е да забавам се и да ги направам животите на другите луѓе подобри затоа што единствено што останува зад мене кога ќе умрам е да знам како сум влијаел на луѓето кои се сеуште живи. И се надевам дека нивното мислење за мене ќе биде позитивно.

 

„Смрт е смрт. Еднаш кога ќе умреш, тоа е тоа, готово е“, заклучил човекот кој умрел двапати.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега