Груевски: Заев секојдневно ги менува изјавите - тоа не минува кај граѓаните

Премиерот Никола Груевски денес му предочи на опозицискиот лидер дека не е важно кој-колку кривични пријави ќе поднесе, туку е важна тежината на таквите пријави.

-Што се однесува до кривичните пријави и оние од СДСМ и Заев кон нас и оние од институциите кон Заев, за тоа ќе си одговорат институциите на системот. Си има задолжени институции кои што ќе ги погледнат фактите и аргументите и ќе оценат што треба. Меѓутоа она што е мој впечаток е дека господинот Заев се обидува практично да пушти што е можно повеќе кривични пријави за да испрати една порака до јавноста дека ние имаме кривични пријави, ама имаат и тие. И да стави некаков знак равенство дека сите имаме кривични пријави и дека тоа е нормална работа и дека сите треба да се преиспитуваме. Во правото тоа не е така. Во правото не се гледа бројот квантитативно кој колку има кривични пријави, туку се гледа тежината на тие кривични пријави. Се гледаат фактите, аргументите, се гледаат законите, членовите на законите, проценуваат стручни луѓе кои ги гледаат сите факти. Така што, таа теорија дека „ајде што повеќе ќе си пуштиме еден на друг кривични пријави, па во лицето на луѓето ќе изгледаме сите исто“, нема да помине кај граѓаните, рече Груевски додавајќи дека Заев како што тргнал, не би го чудело да каже наскоро и дека се шегувал дека тој и Мијалков снимале.

Тоа што го тврдеше тој. Така што, секојдневно ги менува изјавите, секојдневно релавитизира работи што претходно ги кажал. Едноставно, нема стабилност во она со кое што настапува. Постојано менува и граѓаните тоа го гледаат, па мислам дека ќе наиде на осуда и нема да наиде на прифаќање тоа што го право заев, додаде Груевски.

 

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега