Турчин го снајде тешка судбина во Скопје
Синоќа на улицата „Васил Ѓоргов“ во Скопје е извршена тешка кражба во стан во стан во кој привремено живее 32-годишниот Ј.Н од Турција.
Како што информира полицијата, непознат сторител извршил тешка кражба така што влегол преку балконот од мезанинот во дневната соба од станот и по извршено пребарување одзел 300 евра, разновиден златен накит, неколку рачни часовници и парфеми, а потоа го напуштил местото на настанот.
Со тешката кражба, сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 330.000 денари.
Оцени ја веста
06.03.2015 - 11:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа