Поповски ги претстави мерките за вработување во Тетово

Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски денеска оставри средба со групи невработени, самовработени и работодавачи од тетовскиот регион со цел да им се претстави Оперативниот план и активните мерки за вработување, но и да ги чуе нивни забалешки и предлози за подобрување на овие мерки.

Тој најави дека многу скоро ќе биде претставена и електронската адреса каде сите заинтересирани ќе може да ги испратат своите предлози.

- Оперативниот план за вработување се спроведува од 2007 година и досега сме обработиле околу 74 илјади апликации за директно вработување, самовработување, субвенционирано вработување и обуки. Според нашите податоци врз основа на овие мерки околу 30 илјади граѓани се вработени. Голем успех имаме и со мерката за вработување млади до 29 година, каде бројката изнесува над 7 илјади лица. Во тек се анализите и многу скори ќе излеземе со подетални податоци за какви работни места станува збро, која е висината на платите и дали сме на вистинскиот пат со овие мерки, изјави Поповски.

Во рамките на денешната посета на Тетово, Поповски ја посети и текстилната фабрика Едтко фешен. Управителката Ленче Николовска информираше дека преку тетовското одделение на Агенцијата за вработување тие примиле 10 лица со субвенционирано вработување, односно шест месеци вака вработените земаат по 13 илајди денари од Агенцијата, а обврската на фабриката е да ги задржи дополнителни 12 месеци.

- Задоволни сме од досегашната соработка со Агенцијата за вработување. Што се однесува до 10-те работници планираме да ги задржиме на работа и по завршувањето на предвидените 18 месеци, бидејќи имаме потреба за проширување на производството, а со тоа и нови вработувања, истакна Николовска.

Таа информира дека Едтко фешен во моментов има 72 вработени лица. 

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега