Филмска бркотница и пукање - струмичанец направил драма

Утринава околу два часот по полноќ на локалниот пат Гевгелија – село Богородица полициски службеници се обиделе да сопрат возило со струмички регистерски таблички, а возачот наместо да застане ја зголемил брзината и се упатил кон Скопје. Според податоците од полицијата, полициските службеници го стигнале возилото и откако полицискиот службеник излегол и се упатил кон него, возачот нагло тргнал со возилото кон него, при што од страна на полицискиот службеник испукани се неколку куршуми во воздух за предупредување. Возилото по кратко време пак е сопрено и утврдено е дека го управува 40-годишниот А.М. од Струмица, кој заедно со четворица сопатници кои биле со него се приведени за она што го направиле.

 

 

Оцени ја веста

07.03.2015 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега