Погрешно и опасно лекување по пат на интернетот

Ал Џезира Балкан - Сараево

Лекарите од регинот предупредуваат на зголемениот тренд на лечење на пациенти, кои со помош на интернет сами си поставуваат дијагноза пред да одат во болница и да почнат со терапии така што без консултација купуваат лекови во аптека. 

Доктор Бранислав Лукач од белградската приватна клиника Белмедик истакна дека е многу опасно некој сам да си поставува дијагноза, бидејќи таа постапка е многу сложена и опфаќа земање предвид на сите симптоми, знаци на болеста, лабораториски анализи и дијагностички процедури. 

Тој додава дека сето ова без медицинско знаење и соодветна опрема никако не може да се направи точно, што неминовно води до погрешен заклучок, погрешна дијагноза и потоа погрешна терапија. 

- Разни болести можат да се манифестираат со слични или исти симптоми, што дополнително може да го збуни пациентот кој се обидува преку интернет сам на себе да си помогне. Изборот и дозирањето на лековите исто така е сложена работа и лечењето со слични, но не сосема соодветни лекови или со несоодветни дози на некој лек (дури и ако се случи дијагноза и правилно се избере лекот) или во недоволно долг временски период (на пример лекови за лечење на туберкулоза мора да се пијат шест месеци до една година, има и многу други примери) повторно неминовно води до неуспешна терапија – вели Лукач за Ал Џезира.

Точноста на информациите е под знак прашалник

Она што тој го истакнува е прашањето на достапноста и точноста на информациите на интернет, посебно на јазиците кои се користат во нашиот регион, како и квалитетот на информациите кои пациентите ги разменуваат меѓусебно на разни форуми. 

- Колку лице, со просечно образование и недоволно познавање на странски јазици, може да најде точни информации на интернет, кој стана бескрајна шума на информации, полуинформации, дезинформации и реклами? 

Ист став како Лукач има и неговиот колега од Хрватска, д.р. Марио Малнар од Коодринација на хрватската семејна медицина КОХОМ. 

- Како лаик, значи лице без потребно медицинско образование, сам поставува дијагноза, често може да направи грешка, посебно кај компплексни нарушувања, но и кај едноставни, на пример грип, дури и неврзано за купување на лекови и само излекување на истите, што исто така го сметам за многу опасно. За среќа, во многу земји таа пракса е забранета, т.е. пациентите не можат да купуваат лекови без рецепти – вели Малнар. 

- Значи притоа пациентот може да се исплаши, или да го влоши нарушувањето, посебно кога се работи за психички нарушувања, имуни нарушувања или кожни нарушувања.

Истражување на Мајкрософт 

Овие постапки на пациенти ја слабеат автономијата на работата на лекарите, предупредува прим. др. Харун Дрљевиќ, претседател на Лекарската комора на ентитетите на Федерацијата Босна и Херцеговина. 

- Луѓето станаа премногу паметни. Она што лекарите го учат со месеци и години, пациентите се обидуваат да го решат за две минути. Тоа е сериозен проблем, кој го нарушува лечењето на самиот пациент. Дијагностиката и тераписките процедури на луѓето интерпретираат на целосно погрешен начин, што може да ги загрози и нивните животи – предупреди Дрљевиќ. 

Американскиот технолошки гигант Мајкрософт спроведе истражување кое покажа дека лица, по самостојно воспоставување на дијагноза, навистина се чувствуваат болни, секој седми жител на Европа дијагноза бара на интернет, а тој број последните години и се зголеми, бидејќи се зголеми и бројот на корисници на интернет. 
Соговорникот на Ал Џезира Лукач истакна дека треба да се прашаме: Зошто болни лица прибегнуваат на интернет лечење? 

- Во времето кога во Србија здравствениот систем прилично е паднат, а приватното здравство поради високите цени на услугите е недостапно за население со просечна месечна плата од 250 до 300 евра, луѓето прибегнуваат на интернет лечење и се обидуваат самите да се снајдат – изјави тој. 

Сите тројца лекари сметаат дека воспоставувањето на дијагноза на заболен мора да се препушти на експерти. 

- Луѓето мора да престанат да гуглаат болести на интернет, тоа не само што нема да им помогне, туку може сериозно да ги искомплицира нивните здравствени проблеми – наведе Дрљевиќ. 

Според Лукач, состојбата со лечењето на своја рака, со помош на глобалните мрежи, може да се регулира така што аптеките ќе издаваат лекови само со извештај на лекар, во кој точно е наведена пропишаната терапија. 

- Мислам дека рецептите, посебно рецепти кои лекар од општа пракса еднаш месечно ги препишува на хронични заболени, се непотребна административна пречка. Тука се поставува прашањето на опијатите и другите психоактивни лекови, кои мора да се третираат одвоено, а прашањето за бесплатните лекови, плаќањето на партиципација или плаќање на полн износ на цената на лекот е социоекономско и политичко прашање – истакна тој. 

- Секако дека на пациентот, ако има финансиски можности, треба да му се овозможи да купи лек со извештај на лекар, во кој точно е наведена пропишаната терапија. На пример: пациент сака да купи антибиотик во аптека, бил на преглед кај приватен лекар и добил извештај и пропишана му е терапија, но во аптека не можат да им продаваат или да го издадат тој антибиотик бидејќи нема рецепт од својот лекар од општа пракса.

Едукација и точни информации

Важен аспект во превенцијата на ваквите случаи, смета Малнар, е едукација на населението како и постоење на исправни патишта на информирање, каде со телефонска консултација пациентот може да добије објаснување и упатства како да си помгне или каде да побара помош. 

- Најстрашните ситуации околу кои сум сведочел пред 15 години, кога пациенти сами можеа, секако неофицијално, да купат антибиотици и речиси да купат се во некои аптеки. Праксата во Хрватска од тогаш е многу построга и тоа повеќе не се случува. Казните за фармацеутите кои така постапуваат се огромни – рече Малнар.

 

 

Оцени ја веста

07.03.2015 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега