На петтиот Саем за градежништво, компанијата АрцелорМиттал Скопје го претстави својот уникатен производ “Deep Mat”

Во рамки на овогодинешниот Саем за граджништво во Скопје, компанијата АрцелорМиттал Скопје го претстави својот уникатен производ, пластифицираниот лим  “Deep Mat”.

Визијата на компанијата АрцелорМиттал, е да понуди уникатен производ кој има специфичен дизајн кој го олеснува секојдевното живеење а истовремено нуди поквалитетен, иновативен и естетски подобар производ од вообиченти досегашни решенија за создавање на вашиот дом. Пластифицираниот лим Deep Mat гарантира долгогодишна издржливост и разновидна употреба во градежната индустрија.

Главните карактеристки на Deep Mat, кој го издвојуваат од останатите слични производи во градежната индустрија се:уникатност и естетска атрактивност, широк дијапазон на бои со солидна УВ отпорност, рапава и мат површина, природен, ослободен од хромати и тешки метали, почитувајќи ја околината, самоодржливост, лесен е и флексибилен и има одлична отпорност на корозија.

 

Сите оние кои се заинтересирани и сакаат да дознаат повеќе за уникатнот производ Deep Mat на компанијата АрцелорМиттал Скопје, ќе можат да го направат тоа до завршувањето на Саемот за градежништво, 07.03.2015.

 

 

Оцени ја веста

07.03.2015 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега