СДСМ им даваше расипано месо на Ромите за да гласаат за нив!

СДСМ и коалиционите партнери на опозицијата направија невиден скандал пред парламентарните избори во 2011-та година.

Јавноста многу добро го помни срамот со кој беа соочени нашите сограѓани Роми, кога беа дрско потценети од СДСМ и партијата на Самка Ибраимовски.

Товарните возила со расипаниот артикл беа лоцирани во близина на куќа во која е сместен изборен штаб на СДСМ.

Граѓаните Роми не можеа да го сокријат гневот и веднаш се упатија на протест на Бихаќка. Обвинија дека поради политички поени, челниците од опозицијата, сакаат да ги отрујат.

Пред седиштето на СДСМ, Ромите го искажаа својот револт поради месото старо 7 години кое рекоа дека им било нудено ним во замена за гласови на изборите.

 Нема да продаваме гласови за месо од кое можеа да умрат нашите деца, ќе гласаме како што сакаме, посочија собраните граѓани.

 

-Ние не сме членови на политичка партија. Ние сме за нашите фамилии, за нашите деца и внуци. Самка нека си го носи месото во Тетово, неговите деца нека го јадат. Тие се убијци, сакаа да ни дадат по 2 килограми од тоа месо, посочија Ромите. 

Полицијата заплени месо сместено во два камиони ладилници во Шуто Оризари. Истото било со изминат рок и увезено во Полска и Данска.

 

Од направените проверки утврдено било дека сопственикот на ладилниците не поседувал никаков сертификат или декларација за месото. Исто така, немал документ кога и од каде е увезено во Македонија.

-Од првичниот увид на кутиите во кои месото било пакувано, се претпоставува дека најголемиот дел од истото е по потекло од Полска и Данска со рок на траење до 2004 година. Главно станува збор за свински ребра и изнутрици кои за цели седум години го надминале рокот на употреба и чие конзумирање може да предизвика сериозни последици по здравјето на луѓето. Покрај месото запленета е поголема количина и на палмино масло, односно незаконски поседувана стока која тежела повеќе од три тони, од кои над два тони расипано месо, соопштуваат од МВР.

Запленета беше поголема количина и на палмино масло, односно незаконски поседувана стока која тежела повеќе од три тони, од кои над два тони расипано месо.

Граѓаните Роми им порачаа на челниците од опозицијата да не ги злоупотребуваат и потценуваат. Тие беа навредени од фактот што некој сакал да им го купи гласот со расипано месо, кое велеа дека ни на кучиња не смее да им се даде, уште помалку на луѓе.

КУРИР

 

 

Оцени ја веста

07.03.2015 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега