„Ма каков бре Осми Март, сите сте пи*ки" - пораката која го запали Интернетот!

Жена од Србија на малку поинакот начин ги прими честитките за Денот на жената Осми март. Нејзината порака дефинитивно го запали Интернетот.

- Среќен осми март? Фала ама не ми треба твојата честитка. Зошто? Мислиш дека еден букет цвеќе и исфолирана честитка "од срце" е замена за цел живот исполнет со угнетување и понижување? 

Не, секако дека не се шегувам. Па 8. март е, можам барем денес да бидам искрена.

И кога ќе се родиме, прво веднаш нешто ќе прокоментирате - зошто не бил син. Со чест на исклучоци. Така е, знаеш и самиот, признај...Син е едно, а ние сме друго, така? Продолжување на лозата, коленото, крв, ова - она...?

Кога сме девојчиња не учите да бидеме убави да се шминкаме...А да, да не го заборавам најважното – Да бидеме послушни.

Со други зборови, од нас правите кретени кои целиот живот ќе бидат во грч, секогаш дотерани принцези кои ќе немаат право на свое јас. Целта која на нас ни ја давате, е на некого да му се допаднеме и некому да му паднеме во очи за добро да се омажиме. Со други зборови, на некој начин од нас правите курви.

Кога сме девојки, само не гледате во гради и во задник. Лудувате за нив. Ако имате среќа на некоја да и се допаднете, ја користите. Не гледате како премија за фалење или нешто што одлично одговара со автомобилот или со вашето одело. 

Кои сме и што сме, вас не ве интересира. Правото друштво е секогаш машкото, а ние не сме дораснати за сериозни разговори. Добар дел од тие разговори се "Брат, јас сум ја поминал оваа ,онаа...".

А да уште една работа. Секогаш сме курви. И кога ќе ја имаш, и кога ќе ја немаш. А сексот, можеби е подобро воопшто да не зборувам за тоа. Со вас сексот е како гледање телевизија без вклучена антена. Тоа е затоа што сте во суштина себични и размазени и само се грижите за сопственото задоволство, а тоа трае во просек околу минута и пол. Да не должам многу, јас сум научена да бидам послушна. А и не би сакала да ми се налутите!

Кога сме ви сопруги, гледаме да ве нахраниме, испегламе, исчистиме и да ве уредиме и задоволиме во секој поглед. Ви чиниме додека ве служиме, чуваме деца и правиме се што би требало и вие да правите заедно со нас. Па дури и тоа не ви чини, па ја користите првата шанса да ни се развикате или дури да не ишамарате и во кревет да одведете некоја што дури сега наполнила 18 и се труди да ве импресионира. Какви сте вие пи*ки.

Затоа, ако денес сакаш да ми го честиташ денот на жената, прескокни ме. Најди некоја проглупава. Ќе ти ја прими честитката. Мене не ми треба.

Српска жена.

ИЗВОР: МЕДИА.МК

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега