Вистински хаос низ Атина: Анархисти вчера го зазеле седиштето на Сириза (ФОТО+ВИДЕО)

Поголема група на анархисти вчера ја окупирале зградата каде што е седиштето на Сириза, закачиле транспаренти и ги принудиле луѓето кои била внатре да ја напуштат зградата.

 

Анархистите на балконите од зградата закачиле транспаренти во кои повикуваат на укинување на контроверзните затвори од типот "C", во кои се затворени најозлогласените криминалци и терористи. Активистите тврдат дека затворениците се изложени на непотребно остар режим во тие затвори и дека не им е дозволен контакт со семејствата.

 

Тие, побарале и ослободување на Савас Ксирос, бомбаш од екстремната левичарска терористичка група "17. ноември", кој отслужува доживотна робија.

 

 

Портпаролката на партијата Ранија Свиг рекла дека вработените не повикале полиција.

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега