ФОТО: Таткото скршен - ова е Александра, девојката која беше донесена мртва на Ургентен

Таткото на Александра Антиќ, 23-годишната девојка од Србија која беше донесена мртва на Ургентен, е скршен од болка. Тој за српскиот Курир вели дека неговата ќерка во петокот била цел ден насмеана и весела излегла со своите пријатели во кафеана. 

Јован Антиќ кој е полицаец во пенизја, вели дека неговата ќерка во петокот вечерта излегла со двајца другари во град, а иако цел ден била среќна и сакала да излезе и убаво да си помине, се шокирал кога му ја донеле дома мртва.

- Цел ден се подготвуваше, беше среќна. Околу 21 часот по неа дојде нејзиниот другар Калео со уште едно момче и ја земаа. Потоа им се приклучи и другарка. Ми рече тато не грижи се одам во кафеана, вели Јован.

Таткото додава дека Калео и е пријател на Александра долги години, и никој не очекувал нешто вакво. 

- Мојата Александра има тригодишно дете, но и го земаа од Центарот за социјална работа. Јас останав сам без сопругата, вели тој за српскиот Курир.

За потсетување, иако прво се мислеше дека девојката била прегазена од автомобил, сепак обдукцијата покажа дека Александр била брутално претепана со палка. Имала модринки на главата и нагмечување на черепот. Потоа била фрлена од автомобил.

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега