Судбината сакала да починат во ист ден - мајка и син заминаа заедно во вечниот дом

Необична трагедија се случи во Србија. Во српското село Метлиќ, во куќа се пронајдени мртви Милена В (82) и нејзиниот син Миле (43).

Српската полиција извршила увид на местото, а веднаш е воочено дека нема видливи повреди по телата. Смртта на мајката и синот била мистерија додека не била направена обдукција која покажала дека и двајцата умреле од природна смрт.

Според првичните информации мајката боледувала од тешка и неизлечлива болест додека нејзиниот син починал од цироза на јетра. Судбината сакала да починат на ист ден. 

 

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега