Девети март - Денот кога Србите тргнаа во борба за демократијата а Милошевиќ ги испрати тековите на улица!

Од првите масовни демонстрации кои го здмаа режимот на Милошевиќ и поради кои тој ги изнесе тенковите на белградските улици на 9март 1991 година, минаа точно 24 години.

Овој датум истовремено беше и почеток на вонистуционалните политички борби на опозицијата, тогаш наречена „силите на хаосто и безумението“, која во 2000 година резултираше со смена на власта и почетокот на консолидација на демократскиот систем во Србија.

Деветмартовскиот протест во Белград беше организиран и предводен од Српското движење за обнова на Вук Драшковиќ, тогаш најсилната опозициска партија, која заговарала за промена на системот и повик на демократизација и национална обнова на државата.

Судирите во кој учествуваа илјадници луѓе, се проширија на неколку улици во центарот на Белград, а во истите две лица го загубија животот, 18 годишниот Бранимир Милиновиќ и педесет и четири годишниот Недељко Косовиќ.

Првата жртна беше Косовиќ кој загина околу 15:30 часот на улицата Масариково. Бегајќи од демонстрантите, полицаецот се обиде да го прескокне ѕидот од терасата, но падна од висина од пет метри и удри со главата во тротоар, Милиновиќ смртно беше ранет кога група полицајци, отворија оган кај улицата Кнез Милош, врз демонстрантите. Момчето почина околу 16 часот во Клиничкиот центар.

Во конфликтот повредени беа 114 лица - 58 полицајци и 86 граѓани, а уапсени беа 158 лица.

Демонстрациите беа забранети, па полицијата од рано утро ги блокираше пристапите кон Белград во намерата да спречи приоѓање на опозицијата од внатрешноста на земјата. Покрај тоа во центарот на Белград, се собраа, според проценките од повеќе извори, околу 100.000 граѓани, а околу пладне, полицијата тргнала во акција да ги разбие демонстрациите од правец на Француската и улицата Ваша Чарапича.

Пред налетот на полицијата, лидерите на опозицијат аи дел од нивните најблиски приврзаници, се засолнија во Народното собрание, а вратата им ја отвори тогашната управничка, драмската писателка Вида Огњеновиќ. Вук Драшковиќ од балконот повика на „јуриш“ на демонстрантите, по што почна хаосот. Со намера да ги разбие демонстрациите, полицијата употреби солзавец, и гумени куршуми, а во акцијата беше вклучена и коњаница.

Таа вечер на 9 март 1991 година околу 20 часот на улицата Белград, излезе војската на одлука на Претседателството на тогашното СФРЈ.

 

Апсењето на лидерот на СПО, кое се случило нешто подоцна, беше чкрапецот за немирите кои настанаа во Студентскиот град на Нов Белград, на 10 марти, од каде што масата тргна кон Теразија. 

Полицијата студентите ги дочека на мостот Бранко, повторно употребувајќи солзаевц и палки, а откако легнаа на асфалтот, акцијата беше прекината.

 

Протестите на неколку илјади студенти и граѓани продолжија на Теразија се до 14 март, кога Драшковиќ и сите уапсени беа ослободени, а Собранието ги усвои сите оставки на директорите на РТС, Митевиќ и тогашниот министер за внатрешни работи Радмила Богдановиќ.

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега