ФОТО: Полицијата влезе во тетовско Теарце

Акциска контрола синоќа е спроведена во угостителски објект, лоциран покрај регионалниот пат Тетово-Јажинце, во Теарце каде биле затекнати пет странски државјани, од кои четири девојки и едно машко лице од Република Албанија,кои нелегално работеле, како и едно женско лице од Македонија.

-Четирите албански државјанки на возраст од 20 до 38 години работеле како танчерки и заедно со петтото лице од истата земја и сопственикот на објектот  Б.Е.( 33 ) од Слатино, приведени се и задржани во Полициската станица Тетово, а потоа се предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и радмисија за натамошна постапка, информираат од полицијата.

Албанска државјанка на возраст од 35 години, вчеравечер пред полноќ затекната е и во угостителскиот објект „Мона Лиза“ во гостиварското село Форино. И таа е приведена и задржана за натамошна постапка

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа