Албанците ги уценуваат Србите - Србија мора да го признае Косово или ништо од ЕУ

ЕУ законски ја обрза Србија да ја нормализира добрососедската улога со Косово, и тој услов е укорочен во Поглавјето 35 во процесот на придружување на Србија со ЕУ. Србија на тој начин е свесна деа пред влезот во ЕУ ќе мора да го призна Косово за држава - вели Едита Тахири.

Србија е свесна дека пред влезот во ЕУ мора да ја призна државата Косово, изјавила косовската министерка без портфоље, задолжена за дијалогот со Белград Едита Тахири, која наведува дека дијалогот во Брисел ќе се смета за успешен кога ќе се оствари неговата цел - да Косово и Србија бидат дел од ЕУ.

„Србија интерно и за потребите на домашниот политички маркетинг, може да размислува за Бриселскиот договор како што сака, иако е свесна дека тоа е меѓународна обврска и стандард на ЕУ. ЕУ законски ја обврза Србија за нормализација на добрососедските односи со Косово и тој услов е укорочен во Поглавјето 35 во процесот за за зачленување на Србија во ЕУ. 

Тахири за весникот „Денес“ изјавила дека во склоп со косовските закони и Бриселскиот договор, асоцијацијата на повеќе српски општини (ЗСО) на Косово, нема да имаат извршна ниту надзорни овластување, туку координаторски и советодавна улога.

„Сметаме дека целосното спроведување на договорите во правосудството, ќе ги затвори прашањата за „цивилна заштита“ и сите српски паралелни структури ќе ги обезбедат потребните услови за отворање на прашањето на асоцијација на (српските општини)“, вели Тахири.

Според нејзините тврдења Србија во спроведувањето на бриселскиот договор не само што не е ефикасна туку и ги крши.

„Меѓу останатото таа уште ги поддржува паралелните структури на северот на Косово што е во спротивност со Бриселскиотдоговор. Негативните потези кој спречуваат нормализирање на состојбата во северниот дел на Косово, и прават штета на Србија, затоа што ЕУ уште од јануари 2014 не допушта да се отворат пристапните преговори“, изјави Тахири.

На прашањето дали Приштина е подготвена да со Србија направи некој вид на спогодба „ЗСО за закон за војска на Косово“, Тахири одговори дека тоа се две одвоени прашања и дека под никој услов не смеат да се доведат во врска.

Таа смета дека Србите уживаат далеку поголеми права од другите на Косово и во регионот, во споредба со правата на Албанците во Србија во Прешевската долина.

Тахити наведува дека главниот преговарач на Косово во бриселскиот дијалог од неговиот почеток, нагласи дека „имотите никогаш ниту биле, ниту ќе бидат тема на преговорите во Брисел“.

„Обдидот да Србија го отвори ова прашање наиде на непоколебливо одбивање од страна на Косово. Суверенитетот над имотите и средствата припаѓа на косовската држава, затоа што нагласувам, Меѓународниот суд на правдата во 2010 година потврди легалност на декларацијата за независност“, изјави Тахири.

 

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа