Грција и се закани на Европа!

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос предупреди за можен масовен одлив на бегалци во Европа поради „економскиот ќорсокак“ меѓу Атина и остатокот од еврозоната.

-Ако тие и нанесат удар на Грција, тогаш треба да се свесни дека имигрантите ќе се одржат со документи за патување и ќе се насочат кон Берлин, изјавил синоќа Каменос за време на состанокот на неговата партија „Независни Грци“, која е коалициски партнер во владата на Сириза.

Каменос исто така нагласил дека ако меѓу бегалскиот поток, кој тој го очекува има борци на „Исламска држава“, тогаш Европа сама ќе биде одговорна, поради својата позиција за грчкиот долг и реформи во земјата.

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа