Животот ни е пекол - исповед на брачен пар „одран“ од лихвари

- Koга и да се обидевме да се договормие со нив, тие ни се закануваа деке ќе не изеде црна темница, вели брачниот пар кој за заем од 1 100 евра, за 6 месеци, морале да исплатат цели 7 000 евра на лихварите

За само 6 месеци исплатување лихварски камати, Лилјана (58) и Крстивое (65) Митиќ од местото Расадник во Србија, останале без работа, без никакви приходи, а животот им се претворил во вистински пекол. Откако заради високите лихварски камати останале без денар и мир, на крајот се одлучиле случајот да го пријават.

- Повеќе пати ми доаѓаше на памет да си пресудам со самоубиство бидејќи тие притисоци не се издржуваа. Неодамна, со тешко срце, после сите закани решивме да го пријавиме нашиот случај кај надлежните, раскажува Лилјана која од страв не сакала да се фотографира.

Агонијата на семејството Митиќ започнала кога се позајмиле 500 евра кои им биле потребни за да учествуваат на лицитација за трафика која сакале да ја отворат, а потоа земале уште 600 за да ја опремат.

-Прво доаѓаа да бараат неделна, а потоа почнаа да ни пресметуваат дури и дневна камата. За 6 месеци, вкупно им вративме околу 7 000 евра. Сега останавме без работа и без никакви приходи затоа што заработените пари ни земаа до последен цент, вели таа.

Нејзиниот сопруг Крстивое додава дека дури и нивниот син морал подигне кредит од 300 000 динари за на лихварите да им ги вратат парите.

-Кога и да се обидеме со нив да направиме некаков договор за целосно да го исчистиме долгот и да се извлечеме од нивните канџи, следеа закани. На пример, ни велеа дека ако не ги дадеме парите кои ни ги бараат ќе не "голтне темницата" или "ќе си ја најдеме трафиката на 100 парчиња". Живеевме во страв. Повеќе од пола година ги влечевме тие маки, а на крајот останавме без ништо, вели Крстивое.

 

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега