ВИДЕО: Го роди сопствениот внук - мајка на својот геј син му роди дете

Ана Марија Касон бебето го родила со царски рез. По успешното породување нејзиниот син го усвоил дете кое сега има осум месеци и се вика Мајлс.

„Го родив сопствениот внук, но тој не е биолошки поврзан со мене. Јас сум му само баба“, вели Ана Марија, која била сурогат мајка на својот син Кајл кој е хомосексуалец.

Кајл е првиот неоженет маж кој во Велика Британија добил бебе на овој начин. Според законите на таа земја тој сепак морал да усвои момче без оглед на тоа што преку сургат мајка добил бебе.

„Кајл отсекогаш сакал да биде татко. Го дочекал вистинскиот момент. Сигурна сум дека на детето ќе му ја даде вистинската нега. Среќна сум што и тој е среќен“, вели Ана Марија.

 

 

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега