Жените се попитоми возачи од мажите

Жените се подобри возачи покажува статистиката. Податоците од 2013 година кој ги има објавено Заводот за статистика на Австрија, покажуваат дека жените предизвикале помал број на несреќи било дали се работи за автомобилска, моторциклистичка или несреќа во која биле инволвирани пешаци. 

Мажите предизвикале дури 66 % несреќи како мотоциклисти во 2013 година, 64% како возачи, и 58% како пешаци. Најголемиот број е предизвикан од невнимание на возачите, или поради користењето на мобилните телефони. 

Иако звучи неверојатно, жените помалку телефонираат за време на возењето од мажите затоа што се внимателни возачи. Од вкупно 11,302 судари, предизвикани од наведените причин, жените предизвикале 3776 сообраќајки, а мажите двојно повеќе односно 7526.

Кога е во прашање агресивното возење, студијата која била извршена на 1500 субјекти, покажала дека жените се попитоми возачи од мажите. Според оваа студија, процентот на жени и мажи кои се нервираат за време на возењето поради глупостите кои се прават во сообраќајот со другите возачи, е  50 - 50.

Што велат бројките 

Причини и број на сообраќајни несреќи предизвикани од мажите

-Невнимание/ оттргнување на вниманието - 7526

-Непочитување на предност во однос на минување - 5086

-Непочитување на брзината 3112

-Безбедносно растојание - 1418

-Алкохол - дрога и лекови - 1086

Причини и број на сообраќајни несреќи предизвикани од жените

-Невнимание/ оттргнување на вниманието - 3776

-Непочитување на предност во однос на минување - 2721

-Непочитување на брзината 1347

-Безбедносно растојание - 600

-Алкохол - дрога и лекови - 190

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега