ФОТО: Огласот за секретарка кој предизвика лавина од бурни реакции

Покрај фотографијата која прикажува наведната жена во мини здолниште стои и прашањето: “Дали сте подготвени да ја заземете позицијата?”.

Огласот кој го постави британската фирма за вработување ICS за работното место секретарка предизвика бурни реакции во медиумите и на друштвените мрежи.

Наведната жена во мини здолниште и провокативни хулахопки секако не е соодветна за илустрација за работното место секретарка. Уште ако покрај една ваква фотографија додадете и текст: “Секретарка потребна во Mayfair. Чорапите не се обврзни! 35.000 фунти. Дали сте подготвени да ја заземете позицијата?”, секако ќе добиете навредлива и омаловажувачка порака.

Медиумите во Велика Британија веднаш го осудија овој оглас нарекувајќи го сексистички и апсолутно навредлив, а лавина од негативни коментари беа напишани и на Facebook и Twitter мрежите.

-Дали некој ги има известено во ICS дека е 2015-та година?, “Дали сте сериозни со овој оглас? Страшно лоша проценка!, се само дел од негативните коментари.

Одговарајќи на овие критики, од фирмата ICS велат дека само сакале да направат врска со култниот филм “Секретарка” кој всушност претставува прекурсор на филмот “Педесет нијанси сиво”.

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега