Грција ќе ја возобнови Комисијата за нацистичките воени злосторства

Грчкиот премиер Алексис Ципрас се заложи за обнова на работата на парламентарната Комисија за истражување на нацистичките воени злостоства извршени во Грција за време на Втората светска војна. 

- Новата грчка Влада има за цел да и пристапи на оваа тема со претпазливост и одговорност и со дијалог и соработка и поради политички, истириски и симболични причини, истото го очекѕва и од германската Влада, изјави синоќа Ципрас во обраќање пред Парламентот во Атина,  

Според Ципрас, обновата на работата на оваа Комсија претставува долг на Грција „кон нејзината историја, кон нејзините борци и кон борците од целиот свет што ги дале своите животи за победата над нацизмот“.

- Барањето воени репарации е национално прашање и возобновувањето на парламентарната Комисија има за цел да го привлече вниманието на јавното мислење во Европа и да ги зајакне грчките аргументи на таа тема, изјави претседателката на Парламентот, Зои Констандопулу. 

Повеќето грчки партии, вклучително и владејачката Коалиција на радикалната левица (СИРИЗА) на Ципрас, сметаат дека Берлин треба на Атина да и го врати кредитот што Грција под принуда и го дала на нацистичка Германија, како и да и исплати воени репарации за злосторствата што ги извршиле нацистите на грчка територија за време на Втората светска војна. 

Парламентраната Комисија беше формирана во 2012 година и таа подготви извештај од 80 страници во кој се тврдеи дека на име воени репарации Германија и должи на Грција 182 милијарди евра. Комисијата ја прекина работата лани по распуштањето на претходниот Парламент, во пресрет на јануарските избори на кои победи Суруза.

Германија досега во неколку наврати ги отфрли ваквите барања на Грција, а и многу правни ексерти и историчари сметаат дека Атина нема никакви шанси да добие каква и да било воена отштета од  Берлин.

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега