"Ако полицијата реагираше навреме Душанка уште ќе беше жива"

Директорот на Здравствениот Центар во Косовска Митровица, Милан Ивановиќ, вели дека косовската полиција не си ја завршила работата, па затоа и еден живот заминал во смрт.

Како што пишува српскиот Курир, директорот изреволтиран вели дека полицијата е неспособна бидејќи иако била побарана заштита и убиството на докторката Душанка, можело да се спречи, тие не превзеле ништо.

Докторот додава и дека сите кои биле во болницата, семејството, пријателите и вработените, биле потресени и изложени на непријатност бидејќи по наредба на ЕУЛЕКС, бидејќи телото веднаш требало да биде однесено. Лекарите побарале се да се одвива по процедура, но и тие биле однесени во полиција поради тоа.

Инаку, докторката беше убиена завчера во 21 часот додека беше на работното место, а мотивот за убиството е најверојатно љубомора. Осомничениот В.Н. (28) бил веднаш уапсен.

 

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега