Теодора гледа во една точка и не зборува - состојбата и е ужасна

 

Теодора Викторовиќ, 39-годишната актерка, која минатата недела направи незапаметен злочин откако си ги уби бабата и мајката со сатар, сега вели дека се кае. 

- Вели дека не била свесна што прави, била под дејство на дрога и алкохол. Со години се лекуваше од дрога, па од алкохол и така во круг. Мислеше дека е извлекувана, но повторно „падна" на пороците, вели извор за српскиот Ало.

Теодора според зборовите на истиот извор, постојано лежи и гледа во една точка на ѕидот.

- Што и да ја прашаат не одговара, освен за смртта на мајка и и бабата. Од време на време прашува за децата и кажува дека сака да ги види, но тоа уште не се случило, вели изворот за АЛО.

За потсетување, Теодора минатиот понеделник со сатар ги уби мајка си и баба си, а потоа изјави дека делото го сторила бидејќи мајка и постојано ја навредувала, па и пукнал филмот.

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега