Кој прв дојде на гробот на Милошевиќ и запали свеќа?

Србија не го заборави својот прв, демократски избран претседател во својата историја, Слободан Милошевиќ кој беше двапати избран за претседател на Србија и секој пат е избран со големо мнозинство. Народот во демократијата не може да згреши“, вели министерот Александар Вулин.

Повеќе од стотина жители од Браничевскиот округ, од Србија дојдоа денеска во Пожореваџ на деветгодишнината од смртта на претседателот на СРЈ Слободан Милошевиќ.

Но меѓу првите кои положија венци и свежи цвеќе беа пензионерите, а потоа Александар Вулин, министерот за вработување и социјални работи Милорад Вучелиќ.

Србија не го заборави својот прв, демократски избран претседател во својата историја. Слободан Милошевиќ два пати беше претседател на Србија и секој пат е избран со големо мнозинство. Народот во демокраитја не може да згреши. Каква и да е одлуката на народот тоа е одлука на Бога. Милошевиќ не беше непогрешлив, особено грешеше кога се во прашање неговите пријатели и соработници, но затоа непријателите непогрешно го избраа. Секој непријател на Слободан Милошевиќ е вистински непријател на Србија“, изјави Александар Вулин и додал дека дошол како претседател на Движењето на социјалистите.

 

 

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега