Му го зел бастунот и го претепал - пијан кратовчанец претепа старец

Вчера околу 16 часот во селото Сакулица во кратовско старец бил претепан од страна на средовечен маж.

Пред продавницата на 43-годишниот  И.М. кој бил под дејство на алкохол, при распаравија со 78-годишниот С.И. му го зел бастунот и го удрил неколку пати во пределот на телото, при што му нанел тешка телесна повреда на десната рака.

Старецот бил веднаш хоспитализиран.

Полицијата работи на случајот.

 

најчитано сега