Косовските Срби ќе ги бојкотираат институциите, бидејќи Албанците не ја почитуваат коалициската спогодба

 

Српските претставници нема да учествуваат во работата на косовските инстититуции, се додека албанската страна не почне да ја почитува коалициската спогодба, беше одучено на вчерашната средба меѓу премиерот на Србија Александар Вучиќ и директорот на Службата за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ со претставници на Српската листа во косовските институции. 

Вучиќ и претставниците на Српска листа изјавија дека е неприфатливо натамошно неисполнување на коалициската согодба со политичките претставници на косовските Албанци. 

Вучиќ нагласи дека Србите на Косово треба да дејствуваат единствено и во моментов и во иднина.

Косовските Срби ќе носат одлука за соработка со Владата на Србија и со српскиот премиер на заедничките состаноци, кои ќе се одржуваат еднаш месечно во Белград, се наведува во соопштението на владината Служба за Косово и Метохија. 

 

 

Оцени ја веста

12.03.2015 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега