Охрид: Лажел дека му украле пари од фирмата во која работи а тој ги трошел во казина

Охридската полиција го приведе 31-годишниот Т.М. бидејќи лажно пријавил дека бил нападнат и дека му украле 35.000 евра, иако тој ги присвоил и ги трошел во казина на игри на среќа.

 

Тој пријавил дека со тврд предмет бил удрен во пределот на главата по што паднал во бессознание и дека од неговата чанта што ја носел преку рамо, непознатиот напаѓач му одзел 35.000 евра.

 

 Т.М. бил ставен на полиграф и полицијата заклучила дека тој лажно пријавил кривично дело. Тој ги присвоил парите и ги трошел во казина, а самиот се удирал за да може да го пријави делото во полиција.

 

најчитано сега