Ештон: Постигнавме напредок во преговорите меѓу Белград и Приштина

Во текот на вчерашниот дијалог на виско ниво меѓу Белград и Приштина беа постигнати конкретен напредок и согласност по многу прашања, вклучително и за судството, полицијата и локалните избори, соопшти денеска Кабинетот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон.

- Направивме добра работа и постигнавме конкретен напредок, се наведува во соопштението на Ештон посветено на нејзините синоќешни шестчасовни преговори со премиерите на Србија и Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, посветени на имплементација на Спогодбата за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. 

Медимуите од Брисел, синоќа јавија дека преговорите меѓу Дачиќ и Тачи со посредство на Ештон, завршиле без конечен договор околу планот за имплементација на Спогодбата од Брисел. 

По средбата ниту еден член на српската делегација не им се обрати на новинарите.