МРТ најостро демантира дека направила упад во програмата на Канал 103

Македонската радио телевизија најостро ги демантира тврдењата во јавноста дека направила упад во програмата на радиото Канал 103.

-Радиото Канал 103 емитува програма од објектот на МРТ и МРТ нема никаква формална, организациска и програмска допирна точка со истото. Оттаму, уште еднаш се оградуваме од вчерашниот настан. Ниту МРТ, како институција, ниту некој нејзин вработен е дел од истото случување, велат од Службата за информирање на МРТ.

 

 

Оцени ја веста

14.03.2015 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега