ВИДЕО: Пилотот херој кој загина во хеликоптерската несреќа спасил повеќе од 1.000 луѓе

Еден од најдобрите пилоти на војската на Србија, Омер Мехиќ, загинал во падот на хеликоптерот кој го пренесувал бебето од Нови Пазар.

Мекиќ за време на својата служба како офицер на Војската на Србија, спасил повеќе од 1.000 луѓе. Ги минал сите категории, од инструктор по летање, до лидер на тимот за спасување.

Инаку, токму тој управувал со хеликоптерот кој го префрлил премиерот Александар Вучиќ до местото Фекетиќ минатата година.

 

Мекиќ го преживеал падот на хеликоптерот "Газела М-8" во 2008. година.

Другиот пилот, Иван Миладиновиќ, учествувал во акцијата за спасување на поплавените во Обреновац.

 

 

Оцени ја веста

15.03.2015 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега