Киднаперите сакале да ја продадат Маша на педофили за 100.000 евра

Драмата која ја потресе цела Србија откако беше киднапирано мало детенце, почна да добива филмски размери.  

Како што пишува српски Телеграф, двегодишното девојче било киднапирано за да ја искористат за добивање на старателство над речиси идентично дете кое живеело во Франција, а чија мајка била една од киднаперите од белото BMW. Само благодарение на неверојатната акција на белградската полиција, лудиот план на киднаперите бил спречен.

-Француската полиција упаднала во станот на киднаперите и пронашла дете идентично на двегодишната Маша П.“, рекол соговорникот за српски Телеграф и додал: „Се работи за ќерка на една од киднаперите. Тројцата киднапери кои биле уапсени се од исто семејство. Сандрин Горен (40) и нејзиниот сопруг Мишел Себастијан (46) во Србија се упатиле заедно со нивната ќерка Кристел Еје (26) со намера да го киднапираат девојчето кое неверојатно личи на ќерката од Кристел“.
-Имено, Кристел Еје во Франција е во големи семејни проблеми. Нејзиниот сопруг во бракоразводна парница се обидел да и го одземе детето и да добие исклучиво старателство. Во желбата да докаже дека тој не е биолошкиот татко, семејството киднапери направиле пеколен план: преку интернет пронашле девојче кое неверојатно личи на ќерката од Кристел и одлучиле да ја киднапираат, со пасошот од нивното дете да ја извадат од земјата, да ја одведат во Франција, да направат ДНК тест и така да „докажат“ дека таткото на француското дете не е вистинскиот, биолошки татко и на тој начин тој да го изгуби правото на старателство, а детето да и` припадне на мајката“, рекол изворот, пренесува српски Телеграф.

Инаку, според податоците кои ги објавуваат српските медиуми, киднаперите сакале да ја продадат Маша на педофили за 100.000 евра.

 

 

Оцени ја веста

16.03.2015 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега