Си купиле јагниња со фалсификувани пари - измамен старонегоричанец

Вчера околу 10 часот и 10 минути во  селото Облавце во Старо Нагоричане, во семејната куќа на В.К. со возило дошле две непознати  машки лица на возраст од околу 50 и 60 години и побарале да купат јагниња и сирење за износ  од 200 евра.

Откако  за тоа платиле со банкнота од 500 евра , а  В.К.  им вратил кусур од 50 евра и 15.000 денари, истите се договориле дека јагнињата и сирењето ќе ги земат подоцна и заминале со возилото.

Бидејќи  В.К. и неговиот син Д.К.  се посомневале дека банкнотата од 500 евра е фалсификувана,  истата  ја провериле во менувачница каде им потврдиле дека  е фалсификувана, по што случајот го пријавиле во полиција.

најчитано сега