Рекордно ниско ниво на цената на нафтата - бензините во Македонија значително поевтинуваат?

Американската лесна нафта за испорака во април поевтини за 21 цент  на 43,67 долари поради загриженоста на инвеститорите за се поголемите резерви на овој енергенс кои ги трупа САД. Ова ниво на цената на американската лесна нафта е најниско во последните 6 години.

Поевтинување е регистрирано и на берзата во Лондон, каде северноморската нафта од типот Брент, која се увезува и во Македонија поевтини за 24 центи на 53,97 долари за еден барел.

Следната корекција на малопродажните цени на горивата во Македонија треба да се направи идниот понеделник и од полноќ ќе почнат да важат новите цени. Доколку продолжи трендот на намалување на цените на нафтата на берзата во Лондон врз основа на чија цена се креираат и цените во Македонија, постои можност за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија. Цената на нафтата на берзата во Лондон врз основа на која се формираа цените во Македонија претходната недела изнесуваше 58,5 долари за барел, а моменталната цена е за 4,5 долари пониска и изнесува  53,97 долар за барел. 
Доколку цената остане на ова ниво и нема поголеми промени на курсот на доларот во однос на денарот, можно е поевтинување за околу 2 до 3 денари по литар. 
При последните промени на цените, претходниот понеделник бензините поскапеа за 2,5 денари а дизелот за половина денар. Во моментов на бензинските пумпи низ Македонија литар ЕУРОПСУПЕР од 95 октани се продава за 67,5 денари по литар а 98 октанскиот за 69,5 денари по литар. 
Дизелот во моментов се точи за максимална цена од 55,5 денари по литар.

 

 

Оцени ја веста

17.03.2015 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега