"По убиството никој не прашува како се децата!"

Во Белград синоќа биле кремирани Љиљана и Иванка, мајката и бабата на актерката Теодора кои таа ги уби со сатар. Последна чест на убиените им оддадоа триесетина пријатели и членови на семејството. Невенчаниот сопруг на Теодора никој не го известил за погребот.

- Едвај дојдов до телефонскиот број на сестрата на Љубинка и наскоро веднаш се покајав што свртев. Не сакаше да ми каже ни кога ни каде е погребот, вели за АЛО сопругот на Теодора, Бранислав.

Тој додава и дека никој од роднините од моментот на убиството не прашал како се децата и што ќе биде со нив. Вели дека никој не кренал слушалка да праша нешто за нив.

- Се трудам ништо да не им недостасува на децата, вели Бранислав.

Инаку, Теодора ги уби мајка си и баба си бидејќи имала семејни проблеми, постојано мајката нешто и пререкувала и таа не можела да го издржи притисокот. По убиството изјави дека го сторила бидејќи и пукнал филмот.

 

 

 

 

Оцени ја веста

18.03.2015 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега